📽️ МОЛК ОД ЦРВЕНАТА ПЛАНЕТА Се одјави леталото што 13 години го набљудуваше Марс

По половина година без сигнал, НАСА ја прогласи за завршена мисијата на леталото Мавен. Леталото повеќе од една деценија ја проучуваше атмосферата на Марс и пренесуваше податоци од роверите на Црвената планета.

69

оИсчезна зад Марс и никогаш повеќе не се јави. По 6 месеци без каков било сигнал, НАСА потврди дека леталото Мавен повеќе не може да се врати во функција, со што заврши една од најважните мисии за проучување на Црвената планета.

Мисијата траеше повеќе од 13 години.






Леталото беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита. Контактот бил изгубен на почетокот на декември кога Мавен се нашол зад планетата.

Се заврте, батериите се испразнија

Податоците покажале дека леталото влегло во состојба на брзо ротирање. Тоа ја нарушило неговата орбита и довело до целосно празнење на батериите.

Истражната комисија на НАСА заклучила дека леталото повеќе не е оперативно и дека не постои можност повторно да биде ставено во функција. Истрагата за причините за дефектот сè уште продолжува.

Марс, комета, ровери

Мавен не ја проучуваше само атмосферата и временските услови на Марс. Минатата година леталото набљудуваше и залутана меѓуѕвездена комета.

Имаше и важна улога во пренесувањето податоци од роверите „Кјуриосити“ и „Персеверанс“, кои и натаму ја истражуваат површината на Марс.

Науката продолжува, мисијата заврши

Главната истражувачка на мисијата од Универзитетот Колорадо во Болдер Шенон Кари изјави дека Мавен помогнал научниците подобро да ја разберат атмосферата на Марс и начинот на кој таа се менувала низ времето.

– Мавен навистина го унапреди нашето разбирање на атмосферата на Марс и на неговата еволуција – изјави Кари.

Според експертите, станува збор за една од најуспешните мисии на НАСА посветени на Марс. Податоците што ги собра леталото ќе продолжат да се користат во идните научни истражувања.

Поврзани содржини