ИТАЛИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА „ИВКОВА СВАДБА“ Славниот пар ќе се забавува со денови, можно е и затворање на плоштадите
„Сè е многу, многу забрането. Строго во тајност. Обезбедувањето е приватно, но локалната полиција е вклучена во организирањето на настанот“ - претстојната тридневна свадба на Дуа Липа и Калум Тарнер
Дуа Липа и Калум Тарнер ќе се венчаат оваа недела на Сицилија, Италија. Тоа ќе биде нивна втора свадба, по граѓанската церемонија во Лондон, а прославата ќе трае вкупно три дена, како Ивкова слава.
Два градски плоштади наводно ќе бидат целосно затворени за раскошната свадба – Плоштадот Санта Ана и Плоштадот Кроче деи Веспри во Палермо. Полицијата и обезбедувањето се подготвуваат да постават „челичен прстен“ околу плоштадите од четврток до сабота. Сепак, официјалните лица издадоа нејасна изјава тврдејќи дека подготвуваат „демонстративна продукција“, наместо да ја потврдат свадбата.
– Сè е многу, многу забрането. Строго во тајност. Обезбедувањето е приватно, но локалната полиција е вклучена во организирањето на настанот. Плоштадите што ќе се затворат се веќе пешачки зони без сообраќај. Службениците ја измислија оваа „плоштадна демонстрација“ на плоштадите Санта Ана и Пјаца деи Веспри како изговор за поставување бариери и спречување на влез на пешаците“, изјавил извор за The Sun.
Раскошната свадба донесе и некои строги упатства за жителите на Палермо, од кои наводно било побарано да потпишат договори за доверливост. Наводно, жителите на градот се поделени околу затворањето на плоштадите, а некои од нив на шега прашуваат дали Дуа за возврат ќе одржи бесплатен концерт на плажа.
Свадбата на поп-ѕвездата и актерот предизвика огромен јавен интерес, а некои ја нарекуваат „шоубиз свадба на годината“. Двојката не штедела пари кога стануваше збор за прославата, наводно резервирајќи цел кат од луксузниот хотел „Вила Игиеа“ со поглед на Тиренското Море. Церемонијата ќе се одржи во „Вила Валгуарнера“, најпознатиот имот во Багерија, во близина на Палермо. Палатата Ганги ќе биде централен дел од забавата, која ќе се одржи во сабота.
Се очекува на свадбата да присуствуваат 300 гости, вклучувајќи ги семејството и пријателите, од кои некои ќе пристигнат на островот со приватен авион. Покани за настанот на годината добиле Елтон Џон, Марк Ронсон, Чарли Екс-Си-Екс, Донатела Версаче и многу други.