СТЕФАН БОГОЕВ ДОБИ 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР Поранешниот директор на Царина е осомничен за мито и за злоупотреба при јавна набавка

Покрај екс-директорот, под истрага се и поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на фирма и вработен во истата компанија. Според Обвинителството, тие се сомничат за злоупотреби при јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. Покрај екс-директорот, под истрага се и поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на фирма и вработен во истата компанија. Според Обвинителството, тие се сомничат за злоупотреби при јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали.

327

Поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев и тројца други осомничени за примање и за давање мито и за злоупотреби при јавна набавка одат во 30-дневен притвор.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена поради постоење на основите од член 165 став 1 од Законот за кривичната постапка. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, соопшти Кривичниот суд.






ОЈО ГОКК отвори истрага против 4 лица по кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

Покрај екс-директорот Богоев, под истрага се и поранешен помошник-директор на Царинската управа, управител на фирма и вработен во истата компанија. Според Обвинителството, тие се сомничат за злоупотреби при јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и на царинските терминали.

Истрагата се однесува на периодот од јули 2023 до март 2024 година, кога, според сомнежите, била изиграна постапката за доделување на договори за јавна набавка. Обвинителството тврди дека преку фаворизирање на одреден економски оператор и со ограничување на конкуренцијата, на избраната фирма ѝ била овозможена противправна имотна корист од 18,4 милиони денари.

Според наодите на истрагата, осомничениот поранешен директор на Царинската управа наводно го искористил своето службено влијание за тендерската постапка да заврши во корист на избраниот понудувач. Второосомничениот, кој бил помошник-директор, според сомнежите влијаел врз други компании да не учествуваат во завршната фаза од постапката.

Обвинителството наведува дека во текот на истрагата биле обезбедени и докази за примање и давање награда за противзаконито влијание. Според сомнежите, првоосомничениот примил 111.600 денари за користење на службената положба и за влијание.

 

ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ЦАРИНАТА Обвинителството бара притвор за четворица осомничени

Поврзани содржини