ГО ДАДЕ ИМЕТО, ЗНАМЕТО, УСТАВОТ, ШТО УШТЕ ДА НАПРАВИ СДСМ ЗА ДА Е ПОГОЛЕМА ПРЕДАВНИЧКА ПАРТИЈА Во ЕУ ќе влеземе со крената глава
СДСМ го промени два пати името, го промени знамето, ги менуваше банкнотите, го менуваше Уставот, што уште треба да направи, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласана резолуција за црвени линии дека Република Македонија како држава нема да преговара за идентитетот, јазикот, културата и за историјата, која што само за некој месец СДСМ ја прегази со оној договор за добрососедство со Бугарија, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Во врска со барањето за внесување на Бугарите во Уставот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен став за тоа прашање, односно, како што рече, државата нема да преговара во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата.
Тој нагласи дека СДСМ водеше погрешна политика и направи низа отстапки.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија која што се грижи за Македонија.
– Сметам дека СДСМ води политика која што не му оди на добро, води политика која што не му носи гласови. Граѓаните ги имаат прочитано, граѓаните знаат дека во изминативе 35 години ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која што се грижи за Македонија. За идентитетот, за јазикот, за културата. СДСМ го промени два пати името, го промени знамето, ги менуваше банкнотите, го менуваше Уставот, што уште треба да направи СДСМ, за да биде поголема предавничка партија – рече Манасиевски во гостување на Алфа.
Влезот во ЕУ ќе биде со крената глава, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.