ИНЦИДЕНТ ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ВО АЕРОДРОМ Вработена пријавила агресивно однесување и физички напад

Инцидентот се случил во здравствена установа во општина Аеродром, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

0

Дваесет и двегодишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната на своето работно место во здравствена установа во општина Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни во 13:30 часот во СВР Скопје, З.Х. (22) од Скопје пријавила дека ден претходно, на 1 јуни, по претходно недоразбирање, лицето З.Ј. агресивно се однесувало кон неа и физички ја нападнало.






Инцидентот, како што е наведено во пријавата, се случил во здравствена установа на подрачјето на општина Аеродром.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини