ИРАН ВЕЌЕ Е СОГЛАСЕН ЗА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ ТРАМП Дали е решен дел од договорот?

Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување и веќе е постигнат договор за тоа прашање, тврди американскиот претседател Доналд Трамп.

0

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување.

Тој во поткаст на „Њујорк пост“ изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран.






– Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа – посочи Трамп.

Тој негираше дека Иран има предност во судирот.

– Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку војници. Немаат лидерство, воопшто немаат … Нивната економија се урива. Нивната инфлација е 250 проценти. Што лошо можете да замислите, тие го имаат, наведе Трамп.

Според него и блокадата на Ормускиот Теснец набрзо ќе биде решена, додавајќи оти САД имаат „многу голем воен успех во Иран“.

Поврзани содржини