📽️ ЗЕЛЕНСКИ СЕ ФАЛИ ДЕКА ГО УНИШТИЛ СТ. ПЕТЕРСБУРГ Црн чад и пожари во родниот град на Путин

Украинскиот претседател тврди дека се погодени клучни енергетски и воени цели на руска територија, додека Москва засега не излегува со целосни детали.

167

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските сили извршиле серија напади врз повеќе цели на руска територија, вклучувајќи објекти во Санкт Петербург и Москва, по што на социјалните мрежи се појавија снимки од густ чад и пожари.

Според Зеленски, операциите биле спроведени од повеќе украински формации, меѓу кои Службата за безбедност на Украина (СБУ), Силите за беспилотни системи, Силите за специјални операции, военото разузнавање и Државната гранична служба.






Тој наведе дека станува збор за „долгорочни санкции“ спроведени на терен, при што биле погодени „важни објекти на руската инфраструктура и воена индустрија“.

 

Меѓу таргетираните локации, според објавата, се наоѓа нафтениот терминал во Санкт Петербург – еден од клучните објекти за складирање и извоз на гориво, како и објекти поврзани со воени цели во регионот Кронштат. Зеленски посочи и дека биле погодени индустриски капацитети во регионот Тамбов, кои се поврзуваат со производство на воена опрема.

Тој истакна дека некои од целите се наоѓаат на голема оддалеченост од украинската граница, нагласувајќи дека операциите покажуваат „досег и прецизност“ на украинските сили.

– Им благодарам на нашите воини за прецизноста. Планот за долгорочни санкции на Украина се спроведува точно како што е потребно за да се приближи мирот. Слава на Украина! – порача Зеленски.

Украинските напади доаѓаат само еден ден по силен руски ракетен и дрон-удар врз Киев и други градови во Украина, во кој, според украинските власти, загинале најмалку 23 лица, меѓу кои и две деца, а повеќе од 100 се повредени.

Руската страна засега нема издадено детално соопштение за последиците од последните напади.

Поврзани содржини