РЕФОРМАТА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПРЕПОЗНАЕНА КАКО ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ УСПЕСИ НА ДРЖАВАТА Изјавата на Антонио Кошта претставува значајно признание

За Министерството за јавна администрација ова признание претставува обврска да продолжи со уште поголема енергија, посилен интензитет и уште повисоки амбиции, како и дополнителен мотив во спроведувањето на реформите кои ќе обезбедат современа администрација по мерка на граѓаните и институции подготвени да одговорат на предизвиците на европската иднина.

71

„Изјавата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со која се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на реформата на јавната администрација, претставува значајно признание за посветената работа на Владата и Министерството за јавна администрација во изминатиот период“.

Вака истакнува Министерството во соопштение до јавноста.






„Фактот што реформата на јавната администрација беше издвоена како една од клучните области во кои е постигнат опиплив напредок е потврда дека државата се движи во вистинска насока, кон изградба на професионална, ефикасна, отчетна и модерна јавна администрација, усогласена со европските стандарди и вредности.

Министерството за јавна администрација во изминатиот период интензивно работеше на подготовка и реализација на реформските процеси, воспоставување на јасни механизми за професионализација на администрацијата, унапредување на управувањето со човечките ресурси, дигитализација на услугите и креирање политики кои обезбедуваат поквалитетни услуги за граѓаните и деловната заедница“.

Од Министерството велат дека Стратегијата за реформа на јавната администрација и позитивните оценки од европските партнери претставуваат резултат на заедничкиот труд, посветеноста и одговорноста на сите институции вклучени во реформскиот процес.

„За Министерството за јавна администрација ова признание претставува обврска да продолжи со уште поголема енергија, посилен интензитет и уште повисоки амбиции, како и дополнителен мотив во спроведувањето на реформите кои ќе обезбедат современа администрација по мерка на граѓаните и институции подготвени да одговорат на предизвиците на европската иднина.

Остануваме целосно посветени на реформската агенда и на европскиот пат на државата, уверени дека секој постигнат резултат денес претставува нов чекор кон нашата заедничка цел, подобар животен стандард за сите граѓани и полноправно членство во Европската Унија“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини