ПОТЕГОТ НА ЌЕРКАТА НА ЏЕЈ ЛО ПРЕДИЗВИКА КОНТРОВЕРЗНИ РАСПРАВИ НА ИНТЕРНЕТ Славната пејачка е мајка која секогаш ги поддржува своите деца

Ќерката на Џенифер Лопез, која со години е позната во јавноста како Еме Муњиз, воведе нов машки идентитет, а своето ново име го промовираше на церемонијата по повод матурирањето. Патем, на церемонијата не присуствуваше нејзиниот татко Марк Антони, но затоа тука беа нејзината мајка и баба, братот и синот на Бен Афлек.

427

Џенифер Лопез неодамна го привлече вниманието на јавноста откако се појави на матурата на своето 18-годишно дете. Сепак, најголем интерес предизвика веста дека тинејџерката, која со години беше позната како Еме Муњиз, воведе ново машко име – Оскар и сега користи машки заменки.

Според информациите што се појавија во јавноста, промената е воведена за време на церемонијата по повод матурата во средното училиште, со што се потврди новиот идентитет на детето на познатата пејачка и актерка.






Патем, на церемонијата не присуствуваше нејзиниот татко Марк Антони, но затоа тука беа нејзината мајка и баба, братот и синот на Бен Афлек.

Ова не е првпат темата за родовиот идентитет да се поврзува со Џенифер Лопез и нејзиното дете. Во 2022 година, пејачката предизвика возбуда кога ја претстави Еме користејќи ги родово неутралните заменки „they/them“ за време на заеднички настап на сцената, што потоа беше протолкувано како потврда дека нејзиното дете се идентификува како небинарно.

Лопез и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони ги пречекаа близнаците Макс и Еме во 2008 година. Иако се деца на една од најголемите ѕвезди во индустријата за забава, нивните родители се обидуваа да ги држат подалеку од медиумското внимание за време на нивното детство.

Сепак, Еме покажа интерес за музика многу рано. Како мало девојче, таа настапуваше со својата мајка на концерти, а нивниот заеднички настап на Супербоул во 2020 година, кога го покажа својот талент за пеење пред милиони гледачи, беше особено популарен.

Иако самата не е дел од ЛГБТК+ заедницата, Џенифер Лопез е позната со децении како еден од најголемите сојузници на ЛГБТК+ луѓето во светот на забавата. Од почетокот на нејзината кариера, таа отворено ги поддржува правата на сексуалните и родовите малцинства, настапуваше на бројни хуманитарни настани и постојано јавно зборуваше против дискриминацијата.

Посебно се истакна по филмот „The Cell“ и серијата „Will & Grace“, кога стана една од омилените ѕвезди на ЛГБТК+ публиката. Со години учествуваше во настани за организацијата GLAAD и поддржуваше кампањи за еднаквост и прифаќање на различноста.

Откако Еме беше јавно претставена како небинарна личност во 2022 година, Лопез беше дополнително пофалена за начинот на кој го поддржуваше своето дете. Многумина во тоа време истакнаа дека таа поставила пример за родителско прифаќање без сензационализам и непотребни јавни настапи.

Додека јавноста сè уште се навикнува на новата промена, Џенифер Лопез деновиве се соочува со уште една голема пресвртница. Нејзините близнаци завршија средно училиште и наскоро ќе одат на колеџ.

Пејачката неодамна призна дека помислата дека нејзините деца ќе се иселат од семејниот дом ѝ е тешка и дека поради тоа е многу емотивна со месеци.

– Не зборувај за тоа, ќе почнам да плачам – рече таа за време на гостувањето во шоуто на Џими Кимел.

Без оглед на промените што доаѓаат, едно е јасно – Џенифер Лопез продолжува јавно да ги поддржува своите деца и нивните животни одлуки, исто како што правеше во текот на сите претходни години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

Поврзани содржини