СДСМ ДОЗВОЛИ КОМЕНТАРИ, СЕГА ПОЧНА ДА ГИ БРИШЕ „Слободата на Фејсбук траеше само 420 секунди“

СДСМ ги врати коментарите на Фејсбук, но корисници тврдат дека веќе почнало бришење на непожелни реакции.

165

СДСМ избриша коментар минути откако ја врати можноста за коментирање на својот официјален профил на Фејсбук.

Дека постот на Александар Миланов е избришан се гледа од друго прашање кое сè уште стои на објавата со која СДСМ најави дека по забраната повторно ќе дозволи коментари од граѓаните.






,,Пошто враќате коментари, вратите го и коментарот од Александар Миланов кој што ви пиша името да го вратите и ви собра појќе лајкој него ли гласоој на избори што имате 😅”, пишува извесен Иван Савески.

Миланов се чуди зошто СДСМ го блокирале неговиот коментар само 7 минути откако пак дозволи коментари.

Тој тврди дека со коментарот само побарал СДСМ да го врати и името кое, како што вели, го сменила токму оваа партија.

,,Значи на најобичен коментар името да го вратат коментарите не треба да ги вратат комуњариве ме детектираа веројатно како вмро бот и го чиста интернет просторот од поделби и омраза и ме блокираа… Па добро бе ви собрав преку 50 лајка па да видев може некоја дејка убаа ми стаела лајк не треба одма панике да дигате и бришете коментари 7 минута од кој ги вративте коментарите утои едни утосани… Мрш мјау 🐾🥛🛏️”, пишува корисникот.

Поврзани содржини