ТЕЈЛОР СВИФТ НАПИША ПЕСНА ЗА „ПРИКАЗНА ЗА ИГРАЧКИТЕ 5“ Пејачката го обожава анимираниот филм чиј прв дел излегол кога имала 5 години
Пејачката откри дека нејзината нова оригинална песна „I Knew It, I Knew You“ ќе биде објавена на 5 јуни и ќе се најде во официјалниот саундтрак за „Приказна за играчките 5“ кога филмот ќе биде објавен на 19 јуни.
Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт потврди дека напишала оригинална песна за претстојниот филм „Toy story 5“ („Приказна за играчките 5“).
Свифт (36), изјави дека „отсекогаш сонувала“ за пишување за анимираниот филм на Дизни и Пиксар, кој го „обожавала“ уште од петгодишна возраст кога излезе првиот филм.
Таа откри дека нејзината нова оригинална песна „I Knew It, I Knew You“ ќе биде објавена на 5 јуни и ќе се најде во официјалниот саундтрак за „Приказна за играчките 5“ кога филмот ќе биде објавен на 19 јуни. Свифт им кажа на своите 273 милиони следбеници дека тоа е точно откако обожавателите почнаа да шпекулираат дека ќе се појави во саундтракот по серијата најави од тимот на Пиксар и екипата на Тејлор Свифт.
View this post on Instagram
Теориите се проширија на социјалните мрежи во последните недели по серијата мистериозни траги. Сè започна со појавата на мистериозни постери во големите градови низ целиот свет. Идентични постери со небесно сина позадина, 13 бели облаци и иницијалите „TS“ се појавија во Чикаго, Лос Анџелес, Лондон и други градови.
Шпекулациите беа дополнително поттикнати од објавата на Пиксар на Инстаграм, во која каубојката Џеси танцува пред еден од постерите.
Описот на видеото, „Таа ги крои своите движења во лет“, многумина го сфатија како референца на реплика од хитот на Свифт од 2014 година „Shake It Off“.