ЌЕ СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ТРЕБЕНИШТЕ – ЌАФАСАН Со УНЕСКО се преговара за една од понудените две траси
Според УНЕСКО, сегашната траса на автопатот е проблематична, но се преговара вели Николоски, а резултатот од тие преговори ќе се знае на крајот на овој месец или на почетокот на следниот.
Изградбата на автопатот Требениште – Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
Според УНЕСКО, сегашната траса на автопатот е проблематична, но се преговара вели Николоски, а резултатот од тие преговори ќе се знае на крајот на овој месец или на почетокот на следниот.
-Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса која што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го градиме автопатот Требениште – Ќафасан – изјави Николоски во поткастот „Риштази”.