СЕ СТРЕСОА И НЕАПОЛ И ВУЛКАНОТ ВЕЗУВ! Силен земјотрес од 6,1 степени ја погоди јужна Италија

Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.

2

Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван и во Неапол, јавуваат италијанските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол.






Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 километри.

Според италијанската национална агенција АНСА, земјотресот бил почувствуван низ цела Калабрија, како и во поширокото подрачје околу вулканот Везув и источно во регионот Базилика.

Засега нема информации за предизвикани материјални штети или повредени лица.

Поврзани содржини