ТРАМП ГИ НАМАЛИ ЦАРИНИТЕ ЗА ИНДУСТРИСКА И ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА ОПРЕМА Пониска царина ќе имаат и производите од фабриките со американска опрема

Промените ќе останат во сила до 31 декември следната година, со цел да се поттикнат краткорочни инвестиции и зајакнување на индустриската база на земјата, наведува Белата куќа. 

1

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша прокламација за измена на царините за увоз на бакар, алуминиум и железо, соопшти Белата куќа.

Со одлуката се намалуваат царините за одредена земјоделска и индустриска опрема од 25 на 15%. Станува збор за индустриски машини како булдожери и виљушкари, во случаи кога тие се увезуваат од земји со трговски договори кои дозволуваат такво намалување.






Покрај тоа, мерката предвидува повластена десетпроцентна царина при набавка на производи од компании чија капитална опрема содржи најмалку 85% американски челик или алуминиум.

Промените ќе останат во сила до 31 декември следната година, со цел да се поттикнат краткорочни инвестиции и зајакнување на индустриската база на земјата, наведува Белата куќа.

Поврзани содржини