ЏЕЈКОБ ЕЛОРДИ ПОВЕЌЕ НЕ Е СЛОБОДЕН Јавна тајна е дека актерот е во врска со најпознатата манекенка на денешницата
Новата двојка се обидува да ја чува својата врска во тајност, но тоа баш и не им поаѓа од рака.
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди можеби се еден од најновите парови во Холивуд, но изворите велат дека не брзаат да ја обелоденат својата врска и да ја стават во центарот на вниманието.
Според извори на Page Six, Џастин и Хејли Бибер одиграле клучна улога во почетокот на врската помеѓу моделот и актерот, кој доби големо внимание од јавноста во изминатата година благодарение на улогите што ги играше.
Гласините за нивната врска се појавија во април кога Џенер и Елорди беа видени како се бакнуваат на забавата на Џастин по Коачела. Сепак, изворите велат дека двојката се обидува да задржи сè во тајност. Откако беа видени на Коачела, двојката наводно избегнувала заеднички јавни појавувања секогаш кога е можно. Сепак, да се држи подалеку од центарот на вниманието не било лесно, а двојката била забележана и како се вози низ Лос Анџелес со Кајли Џенер и Тимоти Шаламет. По претходните врски со Бед Бани и Девин Букер, моделот наводно сака да се фокусира на градење вистинска врска пред да го објави својот љубовен живот.
– Таа знае дека колку е појавна врската, толку покомплицирана станува. Се обидува да има вистинска врска, а не нешто што е јавен спектакл – изјави извор за Page Six и додаде дека Џенер сака врската да биде сконцентрирана околу нив двајца, а не на надворешното внимание.
Друг извор ја опиша Џенер како опуштена и резервирана на забавата по Коачела каде што романсата за првпат стана јавна. Иако не е јасно кој го направил првиот потег, изворот вели дека хемијата меѓу двајцата била очигледна.
И покрај тоа што игра интензивни и комплицирани ликови на екранот, оние што го познаваат Елорди наводно го опишуваат како многу различен во реалниот живот. Извори велат дека актерот делува шармантен, приземјен и опуштен, што е во остра спротивност со некои од потемните улоги што ги играл, вклучувајќи ја и онаа на Нејт Џејкобс во „Еуфорија“ и Хитклиф во неодамнешната адаптација на „Оркански висови“ со Марго Роби.