ЛЕТУВАЊЕТО НА ЈАДРАН СТАНУВА СЀ ПОСКАПО Еве колку ќе треба да платите во хотел, а колку во апартман

Споредбата на цените само во два хрватски приморски градови Ровињ и Сплит покажува дека во јули четиричлено семејство во апартман за 5 ноќи ќе треба да издвои меѓу  613 и 2.000 евра, а за сместување во хотел од 1.450 до 3.000 евра.

1

Одморот во Хрватска станува сè поскап секоја година, особено кога станува збор за сместување, без разлика дали е хотелски или приватен, пишува Индекс хр.

Споредбата на цените само во два хрватски приморски градови Ровињ и Сплит покажува дека во јули четиричлено семејство во апартман за 5 ноќи ќе треба да издвои меѓу  613 и 2.000 евра, а за сместување во хотел од 1.450 до 3.000 евра во хотел.






Анализата на медиумот покажува дека хотелското сместување е поскапо за 40% во однос на приватното сместување, со тоа што последните години апартманите се повеќе се приближуваат со цените до хотелите.

Со анализата медиумот на прави според платформата Booking.com, а ги зема предвид цените во градовите Сплит и Ровињ. Опфатени се  четиричлено семејство со мали деца и само за двајца возрасни. Земени се пет ноќевања, во периодот од 13 до 18 јули, а хотелите и апартманите се со 4 ѕвездички и со оценка од гостите поголема од 8 и оддалеченост до 3 километри од центарот на градот.

Во Ровињ  хотелското сместување е сè уште значително поскапо од сместувањето во апартман, особено во категоријата семејства со четири члена.

Најповолниот хотелски аранжман изнесува 1.456 евра, а најскапата опција надминува 3.000 евра за пет ноќевања. Во апартман цените се движат од 613 до 900 евра.

Аранжман од 5 ноќи за двајца возрасни во хотелско сместување во Ровињ се движи од 810 до 1.060 евра, додека апартманите чинат помеѓу 550 и 800 евра.

Во Сплит, цените се значително повисоки, и во хотелските и во апартманските капацитети.

За четиричлено семејство сместување во хотел за пет ноќевања во јули чини помеѓу 1.879 и 2.107 евра. Апартманите се нешто попристапни, со цени кои се движеа од 1.235 до 2.000 евра.

Сличен тренд продолжува и кај паровите. Хотелското сместување за двајца возрасни се движи од 1.054 до 1.324 евра, додека апартманите чинат помеѓу 620 и 1.280 евра.

Сепак, разликата помеѓу хотелите и апартманите во Сплит е помала отколку во Ровињ, пред сè затоа што квалитетните апартмани во самиот центар на градот достигнаа многу високи цени во текот на шпицот на сезоната.

Некои од апартманите се речиси еднакви по цена со хотелските соби, што покажува дека приватното сместување во Сплит стана значително поскапо во последните години.

 

 

Поврзани содржини