МАЛОЛЕТНИК СЕ РАНИЛ СО ВОЗДУШНА ПУШКА Го разгледувал оружјето, па си ја погодил ногата
Малолетникот во својот дом во кичевското село Колари ја пронашол воздушната пушка, сопственост на неговиот татко, и при разгледување испукал еден проектил при што се повредил во пределот на ногата, соопшти полцијата.
Малолетник од Охрид се ранил себеси со воздушна пушка, соопшти охридската полиција.
„На 26.5.2026 година во 12.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница во Охрид е донесено малолетно лице од кичевското село Колари, кое имало повреди од воздушна пушка. По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека малолетникот во својот дом ја пронашол воздушната пушка, сопственост на неговиот татко, и при разгледување испукал еден проектил при што се повредил во пределот на ногата“, соопшти полцијата.
По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, се додава во соопштението.