КИЕВ ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛ ДВА АВИОНА И СИСТЕМ „ИСКАНДЕР“ Украински дронови го нападнаа руското пристаниште Таганрог, се запали танкер
Украински беспилотни летала ноќеска го нападнаа руското пристаниште Таганрог, а во пожарот што избувна по нападот, се запали танкер, резервоар за гориво и административна зграда, соопшти гувернерот на Ростовската област.
Вооружените сили на Украина тврдат дека во текот на изминатата ноќ уништиле два авиона Ту-142 и оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“ на воениот аеродром во градот Таганрог, на југозападот од Русија.
Командантот на украинските сили за дронови Роберт Бровди објави на Фејсбук дека Ту-142 е авион со долг дострел развиен врз основа на стратешки бомбардер.
„Оперативно-тактичкиот ракетен систем Искандер е руски ракетен комплекс за лансирање ракети земја-земја, кој беше погоден на местото за лансирање во мочурлива област околу Таганрог, во Ростовската област“, објави Бровди.
Украински беспилотни летала ноќеска го нападнаа руското пристаниште Таганрог, а во пожарот што избувна по нападот, се запали танкер, резервоар за гориво и административна зграда, соопшти денеска гувернерот на Ростовската област Јуриј Сљусар.
Според првичните информации, нема жртви во нападот на пристаништето, напиша рускиот гувернер на социјалната мрежа Макс.
Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова подоцна соопшти дека пожарот во пристаништето е изгаснат и дека нема излевање нафта.