ПРВА ДОБРА ВЕСТ ОД КОНГО Излекуван пациент заразен со ебола
Светската здравствена организација соопшти дека првиот пациент со лабораториски потврдена ебола во актуелната епидемија во ДР Конго е пуштен од болница по два негативни теста.
Првиот пациент кај кого беше потврден вирусот ебола во актуелната епидемија во ДР Конго е успешно излекуван и пуштен од болница, соопшти СЗО.
– ДР Конго соопшти дека еден пациент се опоравил и ја напуштил болницата – изјави Анаис Леганд, технички експерт на СЗО за вирусни хеморагични трески, на прес-конференција во Женева.
Таа појасни дека станува збор за првиот пациент со лабораториски потврдена ебола кој е отпуштен од центар за лекување, откако добил два последователни негативни теста.
– Ова е првиот пациент кој е отпуштен по два негативни теста – рече Леганд, додавајќи дека се очекува и други заразени лица успешно да закрепнат.
Светската здравствена организација и здравствените власти во Конго продолжуваат да ја следат состојбата со епидемијата и да преземаат мерки за спречување на ширењето на вирусот.