15 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА БЕРАН А. СО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА Планирал напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена

Австриски суд осуди 19-годишен маж на 15 години затвор за планирање терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена, кои биле откажани од безбедносни причини.

138

Австриски суд осуди 19-годишен маж на 15 години затвор поради планирање терористички напад на концертите на светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт во Виена, кои требало да се одржат минатото лето.

Станува збор за Беран А., роден во Австрија, со семејно потекло од Македонија. Тој пред судот беше прогласен за виновен за обид за убиство и за терористички активности поврзани со подготовка на напад на масовен настан.






Според австриските и германските медиуми, истрагата утврдила дека младиот маж бил радикализиран преку исламистичка пропаганда на интернет и дека планот го развивал со намера да предизвика масовни жртви меѓу посетителите на концертите.

Обвинителството наведе дека подготовките за нападот биле сериозни и дека целта била создавање голем број жртви, додека безбедносните служби навреме го откриле случајот и спречиле реализација на планот. Поради заканата, концертите на Тејлор Свифт во Виена биле откажани од безбедносни причини.

Случајот предизвика силен одек во европската јавност, особено поради зголемените стравувања од терористички закани на големи музички и спортски настани.

Судот во образложението на пресудата оцени дека станува збор за исклучително тежок случај со висок степен на опасност, поради што на обвинетиот му е изречена казна затвор од 15 години.

Поврзани содржини