ДВА ТУРСКИ И ДВА ГРЧКИ ВОЕНИ АВИОНИ ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ „СПУКАА“ ВО ВОЗДУХ Грција обвинува за провокации

Грчките власти соопштија дека во понеделникот биле регистрирани вкупно 10 кршења на воздушниот простор.

0

Атина тврди дека вооружени турски борбени авиони повеќепати го прекршиле грчкиот воздушен простор, а еден инцидент довел до симулирана воздушна борба. Имено, два грчки F-16 и два турски F-16 имале блиска средба во подрачјето меѓу островите Лемнос и Лезбос, пренесе денес Катимерини, повикувајќи се на изјави на грчки официјални лица.

Како што се наведува, овој судир е трет од ваков вид од почетокот на 2026 година, а претходните инциденти беа забележани на 26 март и на 12 мај. Грчките власти соопштија дека во понеделникот биле регистрирани вкупно 10 кршења на воздушниот простор.






Во тоа време немало воени вежби во поширокиот североисточен егејски регион, бидејќи вежбата „ЕФЕС 2026“ на турските сили заврши на 22 мај. Официјалните лица во Атина внимателно следат дали овој последен инцидент сигнализира турска тактика или пак станува збор за изолиран случај.

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис одговарајќи во парламентот на прашања поврзани со дискусиите околу доктрината „Сина татковина“, изјави дека меѓународното право бара договор меѓу соседните држави за разграничување на ексклузивната економска зона.

– Едностраните акции немаат апсолутно никакви правни последици, непотребни се и создаваат тензии – оцени Герапетритис.

Поврзани содржини