СОНЧЕВО И ТОПЛО СО ПОПЛАДНЕВНИ НЕСТАБИЛНОСТИ Можни грмежи и засилен ветер во делови од земјата

Сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, но попладне можна локална нестабилност со дожд и грмежи, најавуваат од УХМР.

43

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, со услови за локална нестабилност во попладневните часови, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер, особено во одредени региони.






Во јужните делови попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 8 во Берово до 16 во Гевгелија, а максималните дневни од 20 во Маврово и 30 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 29 степени.

Во текот на новата седмица се задржува слична временска состојба – сончево и топло со периоди на нестабилност во попладневните часови. Локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер се можни, особено кон четврток.

Поврзани содржини