МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ПОПУШТИ ПОД ПРИТИСОЦИ Мицкоски повика на национално обединување

Премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија во Охрид порача дека Македонија мора да стане дел од Европската Унија, но без откажување од националниот идентитет и достоинството.

188

Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада на патот кон Европската Унија, но мора да остане достоинствена и обединета, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија по повод Денот на сесловенските просветители, што се одржа во црквата Света Софија во Охрид.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека државата мора да влезе во Европската Унија, но без откажување од националниот идентитет и достоинството.






– Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе останеме силни, а споделената мака е помала мака – порача премиерот.

Тој нагласи дека Македонија со години се соочува со притисоци и историски предизвици, додавајќи дека ја разбира, но не ја оправдува позицијата на Бугарија во однос на македонските евроинтеграции.

– Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Можам да ги разберам, иако не ги оправдувам, позициите на Бугарија – рече Мицкоски.

Премиерот повторно повика на национално и интелектуално обединување, оценувајќи дека државата мора да се бори за сопствените вредности и интереси.

– Нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто на негова штета – порача Мицкоски од Охрид.

Поврзани содржини