ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ Силен дожд, грмежи и град во повеќе региони
Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса, што ќе донесе поројни дождови, грмежи, силен ветер и услови за локално невреме со можна појава на град.
Територијата на Македонија во текот на денешниот ден ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од нас и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (од 50 до 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради очекуваните ваквите поинтензивни атмосферски процеси апелирам на поглема внимателност.
Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.