СИН НАПАДНАЛ МАЈКА И БРАТ, СВЕКРВА НАТЕПАЛА СНАА Какви приказни за семејно насилство откри новиот полициски билтен

14

Три лица се лишени од слобода, а петмина се пријавени за семејно насилство во последното деноноќие.

Како што соопшти полицијата, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.05.2026 година околу 21 часот во семејниот дом во Скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг.






На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал.

На 23.05.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.А.(18) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна мајка, дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неа и на неговиот малолетен брат. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

На 22.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15 часот, нејзиниот сопруг, со кого не живеат заедно и имаат нарушени односи, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка.

На 22.05.2026 во 23:35 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Н.П.(37) од виничко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со неговата мајка физички ја нападнале неговата 22-годишна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини