КАДРОВСКИОТ РУЛЕТ СКАПО ГО ЧИНИ СДСМ Костадинов бара внатрешна консолидација на партијата

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов нагласува дека нема апсолутно никаква намера да ја навреда личноста или делувањето на неговиот пријател Рубин Земон, туку дека станува збпр за „проблем на стратегијата и принципите а не на поединецот“.

0

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја коментираше оставката на членот на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон и вели дека овие случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката.

„Денешниве случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката, класично дежа ву на Струмица во предизборието на локалните избори. На СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација, а не ад хок комбинаторики“, пишува Костадинов.






Тој нагласува дека нема апсолутно никаква намера да ја навреда личноста или делувањето на неговиот пријател Рубин Земон, туку дека станува збпр за „проблем на стратегијата и принципите а не на поединецот“.

Земон вчера поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ откако се појави фотографија на која тој е фотографиран во друштво на Виктор Стојанов, претседател на т.н. „Фондација Македонија“, кој има доживотна забрана за влез во Македонија и против кого пред два месеца беше поднесена кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и народ.

Земон во статус на Фејсбук ова го нарече „уште еден координиран напад“ врз него.

„Со мојот син седевме во трговски центар во Софија кога ми пријдоа луѓето, ми кажаа дека ме препознале кој сум и прашаа дали може да седнат со нас на кафе и да направат фотографија. Првично не знаев дека станува збор за луѓе од Фондацијата. Кратко поразговаравме за случувањата во двете земји и тоа беше сѐ“, напиша Земон.

Поврзани содржини