МАРКО, ПЕТАР И АДАМ ИМАА САМО ПО 20 ГОДИНИ, ЖИВОТОТ БЕШЕ ПРЕД НИВ Познат идентитетот на загинатите во страшната сообраќајка на скопската обиколница

Несреќата се случи кога 76-годишен возач од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната ограда и преминал во спротивната насока.

1,140

Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што се случи ноќта спроти петокот на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст.

Несреќата се случи кога 76-годишен возач од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка, изгубил контрола врз возилото, ја пробил заштитната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобил „БМВ“ во кој биле четворицата.






Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Принтскрин

ЗАГИНАА БАРИТОНОТ РИСТЕ ВЕЛКОВ И НЕГОВИОТ СИН Познатиот оперски пејач меѓу жртвите на скопската обиколница

Поврзани содржини