РУБИН ЗЕМОН И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОДРАБОТУВААТ ЗА БУГАРИЈА Тие се главни промотори на бугарските позиции во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение вели дека Филипче е опкружен со луѓе, на кои не им сметаат предавничките политики и навредите кон Македонија.
„СДСМ и Венко Филипче се откриени во намерите и политиките на сервилност. Случајот со оставката на Земон е доказ дека дури и Филипче сфати дека претера, па Земон мораше да даде оставка за да не го уништел угледот на партијата“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.
„Погубната политика која ја води уценетиот Филипче, го доведе да има рејтинг од 3%, партијата му се распаѓа и луѓе му бегаат. Дали Венко Филипче се оградува од ставовите на членот на ИО Рубин Земон, кој тврдеше дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет?
Земон даде скандалозни изјави за Гоце Делчев, за кои потоа мораше да се извинува, а беше објавена негова фотографија од средба со истакнати антимакедонски активисти во Софија, за која тој вели дека била случајна. Филипче е опкружен со луѓе, на кои не им сметаат предавничките политики и навредите кон Македонија.
Филипче не гледа проблем во тоа великанот Гоце Делчев да е Бугарин, исто како што немаа проблем со тоа и Стево Пендаровски, Рубин Земон и луѓето во околината на Филипче. Со мекотелните политики, Филипче им дава простор на бугарските власти да не уценуваат и да велат дека има мала група на политичари во Македонија која ќе им ги исполни нивните барања“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.