ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ВО МАРТ ПОРАСНА ЗА 8,2% Најзаслужни за растот се три сектори

Мартовската просечна нето-плата изнесува 48.433 денари.

88

Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48.433 денари, додека просекот бруто плати изнесуваше изнесуваше 72.818 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредбата март 2026 – март 2025 година покажува годишен раст од 8,2% на нето-платата.






Три сектори се заслужни за овој годишен раст на просечната нето-плата при што највисок раст има во секторот „транспорт и складирање“ од  15,6%. Следат „дејности во врска со недвижен имот“ од 12,2% и во секторот „информации и комуникации“ каде што растот изнесува 11,6%.

Податоците на статистика покажуваат дека и во март овие три сектори имале висок месечен раст на нето -платите. Во секторот „транспорт и складирање“ тој изнесувал 10,9%, во „дејности во врска со недвижен имот“ од 9,1% и во секторот „информации и комуникации“ од 8,5%.

Поврзани содржини