МАКЕДОНИЈА E ЛИДЕР ВО РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Стојаноски вели дека тоа е демант на уште една лага на лидерот на СДСМ

Според пратеникот, доколку се оди според планот, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски работи напорно тоа да биде реализирано, Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда.

0

Филипче лажеше за мигранти, лажеше дека државата ќе банкротира, лажеше дека е празен Буџетот, лажеше за ИПАРД фондовите, лажеше за Реформската агенда и изјавите на Вајц, Филипче нема за што не излажа. И како за се, веднаш доаѓа демант од релевантните институции, рече на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски вели дека последниот демант доаѓа од Европската комисија.






-Македонија е најнапредна во Реформската агенда, со најмногу средства доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред фронтранерите Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра. Ова е за јануарскиот извештај, за којшто претседателот Мицкоски истакна дека ќе бидеме први, и тоа така испадна – појасни Стојаноски.

Тој додаде дека оценките на реформите во земјава вклучуваат мерки за подобрување на финансирањето на основното и средното образование и мерки за проширување на пристапот до дигиталната инфраструктура и ИТ опрема во училиштата.Од 65,7 милиони евра, 30,6 милиони ќе бидат префрлени во државниот буџет, додека останатите средства се достапни за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

-Доколку се оди според планот, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски работи напорно тоа да биде реализирано, Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда. Секоја изнесена теза на Филипче се руши како кула од карти. Секоја лага на Филипче се распрснува како меур од сапуница. Македонија ќе биде лидер во исполнувањето на Реформската агенда, а со тоа ќе бидат искористени и средствата кои се предвидени согласно планот за раст – рече Стојаноски.

 

Поврзани содржини