ИЗГОРЕА 6 СПЛАВОВИ НА САВА КАЈ БЕЛГРАД Остана само прав и пепел

24 пожарникари, осум противпожарни возила и еден противпожарен чамец излегле на местото на настанот, гаснејќи го пожарот.

85

Шест сплавови изгореа на Сава кај населбата Макиш во Белград денеска, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) за агенцијата „Бета“.

МВР изјави дека нема повредени и дека пожарот е локализиран.






24 пожарникари, осум противпожарни возила и еден противпожарен чамец излегле на местото на настанот, гаснејќи го пожарот.

Претходно „Инстаграм“ страницата „Мој Београд“ објави дека избувнал пожар на сплав на Сава, спроти Блок 45 во Нов Белград, кој се проширил на уште два објекта.

Како што наведуваат во описот на видеото, на местото на настанот имало имало повеќе противпожарни екипи кои интензивно работеле на локализирање и гаснење на пожарот со цел да се спречи неговото понатамошно ширење кон околните сплавови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Поврзани содржини