ЕМОТИВНИ ПЕЈЗАЖИ ВО ВЕЛЕС „Никаде толку луѓе како во еден човек“
Изложбата на Јасмина Котевска и Тони Попов која вечерва (21 мај) ќе гостува во Ликовниот салон во Велес е составена од дела кои наместо класично прикажување на физичкиот лик, го истражуваат човекот како како збир од расположенија, сомнежи, сеќавања и тивки внатрешни разговори.
Денес, 21 мај (четврток) со почеток во 19:00 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе биде прикажана ликовната изложба „Емотивни пејзажи – никаде толку луѓе како во еден човек“ на Јасмина Котевска и Тони Попов.
Изложбата претставува циклус експресионистички портрети и автопортрети создадени како непосреден одговор на внатрешните емоционални состојби на авторите.
Наместо класично прикажување на физичкиот лик, делата го истражуваат човекот како психолошки простор – како збир од расположенија, сомнежи, сеќавања и тивки внатрешни разговори.
Изложбата беше претставена во Скопје и Крушево и истата е планирано да биде прикажана низ повеќе градови во земјата.