ДРАМА ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР НАД ЦРНОТО МОРЕ Руски Сухоу пресретнале невооружен британски воен авион
Рускиот ловец Су-35 се приближил до извидувачкиот авион „Ривет Џоинт“ толку близу што се активирале неговите системи за итни случаи.
Два руски борбени авиони „повеќепати и опасно“ пресретнале невооружен извидувачки авион на Кралското воено воздухопловство на Обединетото Кралство (РАФ) над Црното Море минатиот месец, соопшти во средата британското Министерство за одбрана.
Рускиот ловец Су-35 се приближил до извидувачкиот авион „Ривет Џоинт“ толку близу што се активирале неговите системи за итни случаи, што довело до исклучување на автопилотот.
Вториот авион, Су-27, извршил шест прелети пред британското летало, приближувајќи се на само шест метри од неговиот нос, пренесува Би-би-си.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили го пофалил „исклучителниот професионализам“ на екипажот на Кралското воено воздухопловство за време на, како што навел, „неприфатливите“ руски прелети. Министерството за одбрана тврди дека станува збор за најопасниот руски потег од 2022 година, кога руски пилот испукал проектил кон авион „Ривет Џоинт“ над Црното Море.
Хили навел дека авионот „Ривет Џоинт“ извршувал рутински меѓународен лет со цел зајакнување на безбедноста на источното крило на НАТО.
Осудувајќи го пресретнувањето во воздух, Хили изјави:
– Овој инцидент е уште еден пример на опасно и неприфатливо однесување на руските пилоти кон невооружен авион кој дејствува во меѓународен воздушен простор. Таквите постапки создаваат сериозен ризик од несреќи и можна ескалација.
Министерот нагласи дека инцидентот нема да влијае врз британската посветеност на одбраната на НАТО, на сојузниците и на сопствената заштита од руската агресија.
Британското Министерство за одбрана и Министерството за надворешни работи ја повикале руската амбасада да го осуди инцидентот.
Од министерството наведуваат дека најновите пресретнувања се случуваат во период на зголемена руска активност во регионот, посочувајќи и на неодамнешни активности на руски подморници во близина на клучна британска подводна инфраструктура во Северното Море.
A @RoyalAirForce Rivet Joint aircraft operating in international airspace over the Black Sea was dangerously intercepted by Russian military jets – flying as close as six metres and triggering onboard emergency systems.
Despite these reckless manoeuvres, RAF crew completed their… pic.twitter.com/QyUP7dE4OJ
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) May 20, 2026