СТАПИЈА НА СИЛА НОВИТЕ ЕУ-ПРАВИЛА ЗА „AIRBNB“ I „BOOKING“ Платформите ќе доставуваат извештаи за изнајмувачите, бројот на ноќевања и за гостите

Според правилата, земјите-членки што сакаат да пристапат до податоците на платформите мора да воспостават единствена дигитална точка за пристап, додека платформите ќе мора да вршат проверки на регистарските броеви и да ги отстрануваат рекламите што не ги исполнуваат пропишаните услови. Податоците ќе се доставуваат до надлежните органи автоматски, најчесто на месечна основа.

381

Европската Унија од денеска воведува нови правила за дигиталните платформи како Airbnb и Booking за краткотраен изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во секторот кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации.

Регулативата воведува обврска за воспоставување единствени системи за дигитална регистрација за изнајмувачите.






Тоа значи дека секој изнајмувач кој сака да го понуди својот стан или куќа на пазарот ќе мора да поседува официјален регистрациски број издаден од локалните власти.

Дигиталните платформи имаат законска обврска автоматски да ги проверуваат овие броеви и веднаш да ги отстранат сите постоечки и нови огласи кои не ги исполнуваат пропишаните услови или се нудат „на диво“. Со ова целосно се оневозможува досегашната практика на нерегистрирано и даночно невидливо работење.

Обврска на платформите е редовно да доставуваат податоци за активностите на домаќините до надлежните државни органи, вклучувајќи го бројот на ноќевања, гостите и регистрациските броеви на сместувачките единици.

Според правилата, земјите-членки што сакаат да пристапат до податоците на платформите мора да воспостават единствена дигитална точка за пристап, додека платформите ќе мора да вршат проверки на регистарските броеви и да ги отстрануваат рекламите што не ги исполнуваат пропишаните услови. Податоците ќе се доставуваат до надлежните органи автоматски, најчесто на месечна основа. Овие податоци ќе се слеваат преку единствена дигитална пристапна точка, овозможувајќи им на даночните инспекции во секунда да видат кој заработува од туризам, а не плаќа давачки.

Известувачот на Европскиот парламент за предлогот на регулативата, холандската пратеничка Ким Ван Спарентак од Зелениот клуб, за време на преговорите се залагаше за построги овластувања на националните власти во случаи на неточни или сомнителни податоци, вклучително и можноста за суспендирање на регистарските броеви, како и за побрзо спроведување на регулативата од првично предложениот рок.

Европскиот парламент го усвои конечниот текст во февруари 2024 година.

Во 2022 година, Европската комисија предложи регулатива како дел од стратегијата за мали и средни претпријатија и дигиталниот пазар, во време кога бројни европски дестинации, особено големи градови како Париз и Барселона, предупредија на растечкиот притисок од краткотрајните изнајмувања врз достапноста на домување и локалните заедници.

Во образложението на регулативата, се наведува дека еден од клучните проблеми бил недостатокот на сигурни и стандардизирани информации за идентитетот на закупецот, локацијата на сместувачкиот простор и времетраењето на закупот, што го отежнувало обликувањето на јавните политики и следењето на пазарот.

Поврзани содржини