📽️ ДОДЕКА ОДЕСА ГОРИ Зеленски најави јунска офанзива врз цели во Русија

Украинскиот пристанишен град Одеса ноќеска бил под интензивен напад со дронови од правец на Црното Море. Киев и Москва разменуваат удари врз индустриски и стратешки цели. Украинскиот претседател одобрил нови офанзивни операции против Русија.

354

Украинскиот град Одеса ноќеска бил под силен напад со дронови, објави шефот на Регионалната воена администрација Олег Кипер преку Телеграм.

Според локални информации, повеќе од 20 дронови пристигнале од правец на Црното Море.






Во градот одекнуваат силни експлозии, а властите ги повикаа граѓаните веднаш да се засолнат во скривници.

Во меѓувреме, најмалку 11 лица се повредени во руски напади врз Днипро и Сумската област. Локалните власти соопштија дека биле погодени цивилни и инфраструктурни објекти.

„Под напад сме“

Руските власти истовремено тврдат дека украински дронови нападнале цели во Невинномиск и околните индустриски зони.

Гувернерот Владимир Владимиров изјави дека нема штети врз индустриските постројки.

Во областа се наоѓа и хемиската фабрика „Невинномиски Азот“, која и претходно беше цел на украински напади.

 

Зеленски одобрил нови удари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил нови планови за напади врз руски цели во јуни.

Во редовното вечерно видео-обраќање тој порача дека мај донел промена во балансот на силите во корист на Украина.

– Украина поефикасно ги држи позициите и истовремено спроведува повеќе офанзивни операции – изјави Зеленски.

„Креативни“ операции длабоко во Русија

Зеленски особено ги пофали нападите со дронови длабоко на руска територија.

– Нивната ефикасност овој месец беше забележителна и тие мора да се развиваат на креативни начини – порача украинскиот претседател.

Поврзани содржини