ПРОТИВПОЖАРЕН АЛАРМ БИЛ ПРИЧИНАТА ЗА ЕВАКУАЦИЈА НА „ИСТ ГЕЈТ МОЛ“ Управата постапила според протоколот
Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар - се наведува во информацијата на МВР.
ема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
– Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар – се наведува во информацијата на МВР.
Како што објавивме, претходно во неделата, трговскиот центар „Ист гејт мол“ беше за кратко евакуиран.
Врз основа на информации од управата на „Ист гејт“, дел од медиумите објавија дека евакуацијата се случила откако се активирал противпожарен аларм кај еден од закупците.
Според информацијата, посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот, согласно безбедносните протоколи.