ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КЛЕПАЛО Е ГОТОВ ОД МАКЕДОНСКА СТРАНА Се чека одлуката на бугарската влада за продолжување на започнатите работи
Министерот за транспорт Александар Николовски очекува неговиот бугарски колега да го раздвижи проектот.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека работите за ставање во употреба на граничниот премин Клепало на македонско-бугарската граница од наша страна се завршени, како и дека од бугарска страна проектот почнал да се реализира и дека очекува тоа да продолжи по изборот на новиот министер за транспорт во Софија.
-Во однос на Клепало, од наша страна целосно се завршени работите. Во координација со релеватните институции МВР, Царинската управа и останатите институции коишто се поврзани со граничниот премин од наша страна е се завршено. Проблемот беше на бугарска страна. Морам да кажам дека претходниот министер за транспорт и вицепремиер на Бугарија Гроздан Караџов го раздвижи проектот и дека со изборот на нов министер дополнително ќе се реализира овој проект и ќе можеме да се поврземе од двете страни – рече Николоски.
Тој денеска во Виница заедно со премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на настан за отворање на нов градски пазар.