СПОРТОТ СЕ ИГРА ЗА ПУБЛИКАТА, НЕПРИФАТЛИВИ СЕ СПОРТСКИ ПРОСЛАВИ СО СЕКАКОВ ВИД НАВРЕДИ Борко Ристовски бара извинување до јавноста за срамната прослава на победата на ФК Вардар

Во меѓувреме скандалозното видео од прославата поставено од извршниот директор Миленко Неделковски „исчезна“ од неговиот профил на социјалните мрежи.

151

Министерството за спорт, и лично од министерот, Борко Ристовски ја осудија срамната прослава на фудбалерите на Вардар каде што се скандираа женски имиња и навреди.

Во меѓувреме скандалозното видео од прославата поставено од извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски „исчезна“ од неговиот профил на социјалните мрежи.






Од Министерството за спорт велат дека го разбираат ривалството меѓу тимовите, но и дека не треба да се заборави дека спортот се игра за публиката.

„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како Министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот“ се наведува во осудата.

Од Министерството потсетуваат дека слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува.

„Најостро ги осудуваме ваквите провокации и јавно бараме чинителите да и се извинат на македонската јавност. Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран“ наведуваат од Министерството за спорт.

Поврзани содржини