СО АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ПЕШАЦИ ВО МОДЕНА, А ПОТОА БЕГАЈЌИ НАПАДНА ПЕШАК СО НОЖ Седум лица се повредени во инцидентот

Некои италијански медиуми пишуваат дека тој е италијански државјанин со мароканско потекло, без криминално досие, роден во покраината Бергамо, но со живеалиште во покраината Модена.

102

Седум лица беа повредени денеска кога автомобил со голема брзина се заби во пешаци во италијанскиот град Модена, соопшти полицијата.

Четворица од нив имаат сериозни повреди, јавуваат италијанските медиуми.






Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од околу 30 години, е уапсен и е надвор од животна опасност.

Италијанските медиуми објавија дека автомобилот се забил во излог откако удрил во пешаци и дека возачот, вооружен со нож, нападнал минувач кој се обидел да го запре. Минувачот Лука Сињорели, кој го запрел напаѓачот и завршил со крвава глава, раскажал за RAI како напаѓачот го удрил, но не успеал да го прободе со нож.

– Добив два удара, едниот во градите, а другиот во главата. Следеше борба. Успеав да избегнам еден удар и го добив вториот. Потоа му го блокирав зглобот. А потоа го неутрализирав – рече тој, додаде дека и други минувачи му помогнале.

Откако минувачи го совладале, 31-годишникот бил уапсен од полицијата.

Некои италијански медиуми пишуваат дека тој е италијански државјанин со мароканско потекло, без криминално досие, роден во покраината Бергамо, но со живеалиште во покраината Модена.

Поврзани содржини