🎥 ГЕНИЈАЛЕН ПИ-АР ПОТЕГ НА СИДНИ СВИНИ Актерката ѝ фрлаше на публиката на „Стејџкоуч“ долна облека со „асистенција“ на диџеј Дипло
Дел од посетителите на музичкиот фестивал Стејџкоуч (Stagecoach) си заминаа дома со „сувенири“ од брендот за долна облека на Сидни Свини, а актерката уште еднаш покажа дека знае како да продава
На вториот ден од фестивалот, за време на настапот на диџеј Дипло, Сидни се појави на сцената со кеса полна со парчиња од својата колекција – и почна да ги фрла директно во публиката.
– Ајде да поделиме малку од овие гаќички – им порача Дипло на присутните, нагласувајќи дека се наменети „за дамите“.
Облечена во светлосин корсет со длабоко деколте, мини здолниште од бела чипка и каубојски чизми, актерката со насмевка шеташе по сцената, претворајќи го моментот во вистински ПР спектакл.
@diplohq never recovering from this 😭 #sydneysweeney #diplo #stagecoach #honkytonk
Актерката го лансираше брендот „Сирн“ на почетокот на 2026 година, со амбиција да создаде долна облека која делува како „навистина да ги разбира жените“. Производите се позиционирани како луксузни – танга чини околу 30 долари, додека сетовите достигнуваат и до 100 долари.
Нејзиниот влез во овој бизнис следуваше по нејзиниот вирален гел за туширање направен во соработка со брендот Dr. Squatch, направен со „допир“ од нејзината вода за капење. Ограничената серија од 5000 парчиња се распродаде за неколку секунди по цена од 8 долари, а еден примерок достигна цена од 2000 долари на интернет-платформи.
Во меѓувреме, Сидни се соочи и со критики околу кампањата за American Eagle, која дел од јавноста ја оцени како потенцијално расистичка поради спорниот слоган.
Сепак, таа успеа да го надмине скандалот, изјавувајќи дека нејзината цел е да обединува луѓе, а не да создава поделби.
– Во минатото, мојот став беше никогаш да не одговарам на негативни или позитивни објави во печатот, но неодамна сфатив дека моето молчење во врска со ова прашање само го прошири јазот, а не го затвори. Затоа се надевам дека оваа нова година ќе донесе повеќе фокус на она што нè поврзува, наместо на она што нè разделува – рече таа.
View this post on Instagram
Зад сцената, актерката е во врска со Скутер Браун, кој бил со неа и на фестивалот.
На клип објавен на Твитер се гледа како седи на неговите рамена за време на настапот на Ела Ленгли.
Двојката неодамна ја потврди врската на Инстаграм, по десет месеци заедно, а според извори – работите меѓу нив стануваат сè посериозни.
Sydney Sweeney and Scooter Braun were seen together at Ella Langley’s concert. #Stagecoach pic.twitter.com/Xjp5irXOrO
— Sweeney Daily (@sweeneydailyx) April 25, 2026