ЗАГИНА 32-ГОДИШЕН КРУШЕВЧАНЕЦ Сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево

Сообраќајната несреќа меѓу две патнички возила се случила вчера, 26.4.2026 година, во селото Врбјани.

344

Во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Крушево загина 32-годишен крушевчанец, соопшти полицијата.

„На 26.4.2026 во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека регионалниот пат Прилеп-Крушево, во селото Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел вектра“ Н.З., кој во болницата во Прилеп им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт“, соопшти полицијата.

Со телесни повреди се здобиле сопатничката во „опел вектра“, С.Б.(29) од Прилеп и возачот на патничкото возило „ланд ровер“, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.

Поврзани содржини