🎥 ПАРАГЛАЈДЕР ЗА МАЛКУ ЌЕ ПОВРЕДЕШЕ МАЈКА И ДЕТЕ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА! Во Охрид за влакно избегната трагедија

На снимката објавена од Ohrid1.com јасно се слуша врисокот на исплашената мајка, која во последен момент успева да избегне трагедија.

2,152

Вистинска драма се случила на пешачката патека кај Студенчишта во Охрид, каде параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи, за малку ќе повредел мајка и дете кои мирно се движеле по патеката.

Според видеото што го објави Оhrid1.com , параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, директно над луѓето кои се шетале покрај езерото. Во еден момент, тој за влакно ја промашува мајката која била со своето дете, по што удира во столб за улично осветлување и целосно го уништува.

Поврзани содржини