ГО ПРЕГАЗИ ТРАКТОР ШТО СЕ ОБИДУВАЛ ДА ГО ПОПРАВИ Скопјанецот почина пет дена по несреќата
Телото на починатиот е предадено за обдукција.
Осумдесетгодишен жител на село Љуботен, скопско почина пет дена откако беше прегазен од неговиот трактор кој се обидувал да го поправи, соопшти полицијата.
Информацијата за неговата смрт вчера со полицијата ја споделиле од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што Н.М. бил донесен на лекување пред пет дена со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, тој бил повреден во сопствениот двор, додека го поправал неговиот трактор, кој се придвижил и го прегазил. Телото на починатиот е предадено за обдукција.