МУ СЕ СЛОШИЛО, ПА СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Загина кичевец на патот Кичево – Демир Хисар

Неговата сопруга која со него била о возилото изјавила дека  пред несреќата тој се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот.

237

Во несреќа на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани загина жител на кичевското село Другово.

Полицијата соопшти дека автомобилот „фолксваген поло“ во кое бил тој и неговата сопруга излетало од патот во близина на с. Видрани.  При тоа Т.С. (62) кој го управувал возилото загинал, а неговата сопруга која исто така била во возилото изјавила дека пред несреќата тој се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот. Телото на починатиот е дадено за обдукција.

Поврзани содржини