ФИЛИПЧЕ НА КОЈ ДОМA МУ Е ДУБАИ НЕ МОЖЕ ДА ЗБОРУВА ЗА ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ Петрушевски му порача да не ги попречува демократските процеси

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Венко Филипче и неговиот газда Зоран Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети.

191

Венко Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

– Секој ден сведочиме дека Венко Филипче е слуга на Зоран Заев. Зошто? Затоа што само бара изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев. Наместо поддршка за реформи, за законски измени како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат. И тоа кој обвинува? Лица кои се дел од СДСМ чиј самонаречен претседател, а реално слуга на Заев, Филипче дома му е Дубаи и Обединетите Арапски Емирати – рече Петрушевски.

Тој смета дека Филипче и неговиот газда Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети.

– Токму тие двајца го водеа системот кога СДСМ беше на власт, а на граѓаните им ветуваа правда, подобар живот, европска иднина. А, на што сведочеа граѓаните? На корупција, криминал, правосуден систем кој функционира по нивни диктат и секако многу лаги од типот почнавме преговори со Брисел, а почетокот не беше ни на повидок. Токму тие кои сега сакаат да зборуваат за патриотизам и државни интереси распродадоа се – вели пртеникот.

Тој оцени дека по создавањето на вакви проблеми, тешко е дека Филипче и СДСМ ќе се вратат на вистинскиот пат.

-Но, државата сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се тука за секој еден граѓанин. Ако Филипче продолжи да го следи слепо патот кој му го трасира Заев само ги попречува демократските процеси, а воедно и напредокот на Македонија – вели Петрушевски.

Поврзани содржини