НАПАДОТ БИЛ ПЛАНИРАН ДОЛГО ВРЕМЕ Поранешен агент на ФБИ тврди дека околностите на нападот го потврдуваат тоа

Џеф Крогер вели дека агентите сега треба да утврдат дали нападот има лична или политичка позадина.

308

Поранешниот специјален агент на ФБИ, Џеф Крогер тврди дека околностите на синоќешната пукотница во хотелот Хилтон укажуваат дека нападот не бил случаен или спонтан.

Според него, фактот дека 31-годишниот Кол Томас Ален бил регистриран како гостин на хотелот каде што се одржала вечерата сугерира дека тој работел на целиот план „веќе некое време“.

-Дали во позадина има лична омраза или политички мотив? – праша Крогер во ијзава за Би-Би-Си.

Тој истакнува дека истражителите сега ќе го стават секој аспект од животот на Ален под лупа, додека полицијата сè уште официјално наведува дека мотивот за овој невиден инцидент останува нејасен.

Коментирајќи ја реакцијата на безбедносните служби кога се слушнале првите истрели, Крогер нагласи дека Тајната служба го направила токму она за што нејзините агенти тренирале со години. Штом се појавила директна закана во лобито на хотелот, агентите брзо „се натрупале околу претседателот“ и создале непробоен човечки штит.

-Тоа е нивна рутина. Тие создадоа бариера со своите тела, блокираа секој можен пат до целта и за секунда го извлекоа претседателот од салата на безбедна локација. Иако во салата имаше општа врева, а гостите се фрлаа под масите, приоритетот за безбедност беше јасен – евакуација на државниот врв по секоја цена – објасни Крогер.

Иако во салата имаше општа врева, а гостите се фрлаа под масите, приоритетот за безбедност беше јасен – евакуација на државниот врв по секоја цена.

Полицијата го идентификуваше Ален како 31-годишен поранешен наставник и развивач на видео игри од Калифорнија.

Иако на прв поглед се чини дека станува збор за високообразован експерт кој дури беше прогласен и за „Наставник на месецот“, Ален синоќа влезе во хотелот Вашингтон Хилтон подготвен за вистинска мала војна. Истражителите пронајдоа пушка, пиштол и неколку ножеви во негова сопственост.

Според американските медиуми Ален бил наградуван студент на престижниот Калтех и иноватор во областа на медицинската опрема, а минатиот октомври донирал пари за кампањата на Камала Харис.

Засега, сè уште се утврдува дали нападот бил директно насочен кон Трамп, а CBS објави дека напаѓачот признал дека негови цели биле службеници од администрацијата на Трамп.

Поврзани содржини