КРАЛОТ НА ДАНСКА ГО ПОМИНА ГРЕНЛАНД СО САНКА ЗА КУЧИЊА И МУ ПОРАЧА НА ТРАМП Имам најдлабоко почитување за секое од нив

Од соопштението за медиумите на данската кралска палата, не е јасно дали патувањето на данскиот крал е поврзано со спорот околу Гренланд кој го покрена американскиот претседател Доналд Трамп но сè укажува на фактот дека е така

218

Данскиот кралот Фредерик X патувал низ Гренланд со санки со кучиња, објави Кралската палата вечерва.

Тој, според информацијата, поминал неколку дена со патролата „Сириус Дог След Патрол“.

-Никогаш не можам да се наситам од Гренланд – изјавил кралот, соопшти палатата.

Тој, исто така, играл фудбал на маса во една од станиците на источниот брег на островот, кој му припаѓа на Кралството Данска.

Од соопштението за медиумите на данската кралска палата, не е јасно дали патувањето на данскиот крал е поврзано со спорот околу Гренланд кој го покрена американскиот претседател Доналд Трамп но сè укажува на фактот дека е така бидејќи кралот Фредерик јасно стави до знаење дека воопшто не ги сметал санките со кучиња за смешни.

„Имам најдлабоко почитување за секое од нив“, напиша тој, заблагодарувајќи се „за можноста повторно да го доживеам возбудувањето од неизмерните сили на природата“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се потсмеваше на патролите со санки со кучиња претходно оваа година, во услови на зголемени тензии по неговите закани за анексија на Гренланд.

Трамп рече дека употребата на животни е доказ дека Данска не може правилно да го заштити најголемиот остров во светот и ја искористи можноста да ги изрази американските претензии кон Гренланд.

Вашингтон се закани дека ќе воведе целосни казнени тарифи на сојузниците во својот обид да го анектира Гренланд, предизвикувајќи тензии со Копенхаген и другите европски земји пред да се повлече.

Поврзани содржини