ЛАЖНА Е ДОЈАВАТА ЗА БОМБИ ВО „СИТИ МОЛ“ Полицијата ги заврши проверките на објектот

60
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е лажна дојавата за поставени бомби во Трговскиот центар „Сити Мол“, откако ги заврши проверките во објектот.
Оттаму потсетуваат дека вечерва на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall” во Скопје се поставени експлозивни направи.
„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби3, се наведува во соопштението.

ДОЈАВА ЗА БОМБА ГО ИСПРАЗНИ „СИТИ МОЛ“ Полицијата врши проверка во трговскиот центар

Поврзани содржини