100 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ НЀ ЧИНАТ БЛОКАДИТЕ ОД ДЕСЕТИНА ГАЗДИ НА ДИВОИЗГРАДЕНИ ВИЛИ СО БАЗЕНИ Вицепремиерот Николоски за опструкциите во изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Јасно е дека таму има агенди, само се прашувам дали се агендите бизнис и политички или се само бизнис - рече вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

172

Работите на автопатот Прилеп-Битола добро напредуваат, дел од него ќе стане реалност до следната пролет, а целосно ќе биде готов во 2029 година, но се соочува со една опструкција – изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во настап на поткаст на порталот Курир.мк.

Станува збор за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп. Имајќи предвид дека на целата траса помеѓу Битола и Прилеп затоа што е рамничарска положбата, поминува низ Пелагонија, не може да се најде материјал, народски кажано тампон, со кој што може да се гради овој автопат. И локацијата е во близина на месноста Ореовец. Таму има десетина буџовани кои ги штитат своите хациенди и вили и не му дозволуваат на изведувачот да пристапи кон наоѓаиштето иако на приватниот изведувач кој што има во соседството наоѓалиште, него му дозволуваат – рече Николоски.

Вицепремиерот вели дека штетата може да биде навистина голема. За него е јасно дека таму има агенда.

– Да знае јавноста дека штетата по однос на државниот буџет може да достигне до 100 милиони евра имајќи предвид дека сега сме приморани да купуваме материјал од приватни каменоломи и да плаќаме за неговиот транспорт. Кога ќе ја пресметате цената на материјалот и на транспортот може да стигне до 100 милиони евра кои што можеме да ги вложиме за целиот регион да се трансформира, а ние треба да ги даваме по приватни џебови. Јасно е таму дека има агенди, само се прашувам дали се агендите бизнис и политички или се само бизнис – рече тој.

Николоски очекува во најбрзо време да се отстрани таа блокада и да се почне и таму со работа.

Поврзани содржини