ФИЛИПЧЕ СЕ ПИШМАНИ ОКОЛУ ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА СДСМ ОД СОБРАНИЕТО Добро е што се враќа на ставот дека техничката влада треба да се укине
Вчера Митко Трајчулески од СДСМ се закани дека ќе излегле од Собранието ако се укинела техничката влада, а денеска Филипче ретерираше од овој нивен став, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека Венко Филипче се фати во сопствените лаги и станува сè повидлив стравот од сопствениот пораз, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера Митко Трајчулески од СДСМ се закани дека ќе излегле од Собранието ако се укинела техничката влада, а денеска Филипче ретерираше од овој нивен став. Тоа е за поздравување, бидејќи така СДСМ се враќа на нивниот прв став за укинување на техничката влада“, се вели во соопштението.
Предлогот за укинувањето на техничката влада е тоа да се случи по наредните избори, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„Противењето на ваквиот предлог покажува дека СДСМ признава дека стравува и два последователни порази, како и фактот што народот не ги гледа како сериозна опција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.